Skip to main content

Миграцијата проблем кај младите од Струга

Миграцијата најголем проблем кај младите стружани. Изготвувањето на Локалната стратегија на општина Струга за соработка со граѓанскиот сектор од страна на младинските здруженија во соработка со општината, ги дава потребните насоки како младите треба да се ангажираат, со цел да се намали ова појава.

 |  Николоска Биљана  | 

Акцискиот план за Локалната стратегија на општина Струга за соработка со граѓанскиот сектор, е резултат на работата на младите од Струга и општината. Повеќемесечните напори вродија со плод. Конечно визијата, стратешките цели, приоритетите, мерките и активностите на маладите стружани добија своја рамка каде на еден фокусиран начин се поставени можностите за изработка на проекти и нивна имплементација во различни области, истакна, Јане Вртески од Центарот за развој на локална демократија Скопје. Вртески кажа кој е бенефитот од изработката на еден ваков акт.

„Па како што младите викаат ако се спречи или се намали миграцијата на општина Струга тоа би бил најголемиот бенефит во целата работа но секако визијата преко потенционирањето на соработката мултикултурноста, економскиот развој и заштита на животна средина во општината и учество на младите во сите тие процеси се главен бенефит на општина Струга“ – вели Вртески.

Како што потенцира Роланд Амзаи од одделението за односи со јавност при општина Струга, тие ги идентификувале и класифицирале проблемите во четири области. Додава дека проблемите не се однесуваат ексклузивно само на младата популација туку истите ги тиштат и сите луѓе во општината.

„Треба дефинирање на приоритетите на младите од Струга за да и биде полесно на јавната администрација и на Советот на општина Струга да носи одлуки за решавање на овие проблеми. Миграцијата е најголемиот проблем во моментов. Тоа е загрижувачко и ние ќе се обидеме да го решиме тој проблем – изјави Амзаи.

Изненадени сме од одзивот на младите кои пројавија огромен интерес за учество на денешните две јавни расправи за локланите стратегии на општина Струга, истакна координаторот на Центарот на заедниците Катерина Талеска.

„Младите сепак се ангажираат и сакаат да го подобрат нивнит живот во општина Струга. Тие дееска треба да дадат свои мислења за акцискиот план кој е изработен од општина Струга со цел да се подобри животот во градот да се отворат нови работни места за да нема миграција на младите надвор од нашата земја“ – нагласува Талеска.

Наташа Ацеска која е дел од тимот кој ја изработува Локалната стратегија на општина Струга за соработка со граѓанскиот сектор во делот на социјалната сфера, нагласи дека истата содржи многу аналитички активности.

„Конкретни активности на пример Дневен центар без родители и деца на улица, советувалиште и СОС линија против семејно насилство, замена на азбестни кровови, советувалишта за лица алкохоличари и корисници на дроги и.т.н. Сакам да нагласам нешто што понекогаш е скриено низ овие акциски планови и стратегии а тоа е дека содржи доста активности за јакнење на администрацијата нејзиниот капацитет за да може да ја спроведува социјалната заштита на локално ниво. А тоа пак е потребно бидејќи законската регулатива е доста комплексна, не се дефинирани работите нема финанскски средств, нема инвестиции, а олпштината има должност кон граѓаните да дава и локална социјална заштита“.

Ацеска потенцира дека до крај на оваа година мора да се направи една социјална карта на општината, во која треба да се детектира кои се најранливите и најзасегнатите групи граѓани и врз основа на тоа да може понатаму да се дефинираат потребите за приоритетни услуги. Според неа недостигаат социјални услуги особено за старите и изнемоштени лица нема дом, нема доволно институции за заштита на децата, детски градинки дневни центри што посебно доаѓа до израз во руралните средини.

{loadposition content9}