Skip to main content

Ќе се градат објекти од тешка и загадувачка индустрија во Долна Белица

Земјиштето ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање, а почетната вкупна цена на земјиштето изнесува околу 60 илјади евра.

 |  Мишел Наумоски  | 
d.belica

parcela dolna belicaЌе се градат објекти од тешка и загадувачка индустрија во Долна Белица-Струга. Општина Струга објави оглас за продажба на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со вкупна површина на градежната парцела од 59.875 метри квадратни. Во делот од огласот кој се однесува на намената на земјиштето, стои ознаката Г1-тешка и загадувачка индустрија. Според правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, во оваа група спаѓаат сите видови индустриски погони  кои имаат големи енергетски барања, голем промет на суровини и материјали, создаваат голем обем на сообраќај и создаваат отпад и штетни еманации.

industriski objekti dolna belicaОбјектот треба да биде со висина п+1 или максимална дозволена висина од 15 метри и ќе има почетна цена од 61 денар за метар квадратен или вкупна почетна цена од 3.652.375 денари односно околу 60 илјади евра. Парцелата ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање кое ќе се случува на 31ви Јули 2015та година во 11 часот на веб страната www.gradezno-zemjiste.mk . Со цел да ја информираме јавноста за каков точно објект станува збор и што ќе се гради во Долна Белица ги контактиравме во одделението за односи со јавност при локалната самоуправа од Струга, од каде бевме преупатени во Секторот за урбанизам. Од таму пак, не одговорија на нашите повици, останувајќи притоа должни на граѓаните за одговорот – што ќе се гради во Долна Белица. За ова прашање, информативната редакција на ТВМ ќе се обиде да добие одговор во некое од наредните изданија на Дневникот. Инаку локалната урбанистичко планска документација за Долна Белица која ја опфаќа оваа парцела е донесена со одлука на Советот на општина Струга на 28ми Јануари 2013та година.