Skip to main content

Стружани пред Комисијата за родова еднаквост

Концептот за родова еднаквост сеуште претставува прашање што се проблематизира. Дали проблемот е во доминантната моќ на мажите или во пасивноста на жената, е прашање на кое денес се дебатираше во соседна Струга во Центарот на заедницата, каде стружани имаа можност да се сретнат со Комисијата за унапредување на рамноправноста помеѓу половите при Советот на општината.

 |  Николоска Биљана  | 

Податоцитие на глобалнo ниво кажуваат дека сеуште постои нееднаква дистрибуција на ресурси, права и моќ, меѓу мажите и жените. Жените сè уште се соочуваат со нееднаквости во однос на можностите за вработување, добивање плата, пристап до правото на здравствена заштита и негово остварување, правата во бракот и семејството. Речиси во сите сфери на општественото живеење доминантна моќ најчесто ја имаат мажите, велат од Центарот на заедницата Струга, кои денес организираа средба на граѓаните со членовите на Комисијата за унапредување на рамноправноста помеѓу половите при Советот на Општина Струга.

„Се надеваме дека ќе добиеме квалитетни предлози кои што советничките ќе можат да ги пренесат на Совет и да продискутираат и издејствуваат поголема застапеност на жената во Светот на општина Струга и во останатите сфери од општественот живеење. Јас лично сметам дека после денешниот состанок ќе одлучиме за поважните функции во градот, како зошто да не жена биде кандидат за градоначалник на следните избори..зошто жените да не бидат присутни во раководните функции во општинските претпријатија, со цел да се зголеми процентот на застапеност на жените во позначајните функции во градот“ – нагласува Катерина Талеска, координатор во Центарот на заедницата.

Од комисијата немаа многу да кажат на оваа тема, бидејќи како што изјави Бранкица Мариноска, комисијата досега само еднаш се состанала. Нивниот став е дека жената е многу малку вклучена во општествениот живот.

„Усвоена е програмата за активностите од областа за еднаквите можности меѓу мажите и жените, а немаме ништо реализирано, издвоени се буџетски средства за работа на оваа комисија, а досега не е направено апсулотно ништо. Од каде доаѓа проблемот не знам. Затоа денеска одлучивме со Центарот на заедницитеда отвориме дебата за улогата на жената во политиката, па така рачунаме дека ќе почнеме да работиме“– вели Мариноска.

„Во општина Струга конкретно, нема жена на раководна функција. Сметам дека треба да има бидејќи во Охрид претседавач на совет е жена, подалеку има претседател на држава итн – нагласува Недим Цаноски, од комисијата.

Претставничката од општина Струга, Сервер Шашко, највисоко го подигна гласот за родовата застапеност на жената во системот. Таа укажува,  сеуште владее системот дека жената може да биде добра мајка и домаќинка, а за политиката се само мажите, што според неа не би требало да биде така.

„Јас би нагласила дека не само мажите, туку изгледа само докторите…обично во политиката се усмерија сите доктори макар да ги заборавија нивните основни принципи за што се потребни во овој систем..Јас не би ги деградирала можеби се способни, но за да се води политика не е толку лесна работа. Јас политиката ја разбирам како нож со две сечила и затоа треба да размислиме и да водиме кампања или да се бориме, не секоја трета жена да биде застапена туку секоја успешна жена да си го заземе местот каде што може“– изјави Шашко.

Треба да се подигне свеста дека жена може да биде раководител на сектор, градоначалник, премиер и лидер, вели Шашко. Нејзините размислувања се дека кога не се може без жена во системот и дека жената не е потребна само во приватниот живот, со самото нејзиното учество во општествениот систем треба да биде рамноправна.

{loadposition content9}