Skip to main content

Посебен режим на сообраќајот за „Струшките вечери на поезијата“

Во врска со одржувањето на културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, полициската станица од Струга, презема низа неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните програмски активности.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Во врска со одржувањето на културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, полициската станица од Струга, презема низа неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните програмски активности.

svrБезбедносните мерки се насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко обезбедување на објектите и местата каде се планирани активностите а ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни  културни средби.  

Во таа насока, на 29-ти и 30-ти август, во централното градско подрачје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот со привремено  ограничено движење на моторни и друг вид на возила по улицата „Партизанска“ кај мостот на поезијата.

Полициските службеници ќе спроведуваат и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки. Имајки го во вид исклучителното значење на културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, до граѓаните апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила.