Skip to main content

Стружанецот Агрон Џила се спрема за светски првак

Стружанецот Агрон Џила е носител на многу титули, меѓу кои и светски шампион во бокс до 24 години. Со ваква титула порано не успеале да се стекнат ни големите имиња во боксот како Тајсон, Кличко. Џила, скромен по природа, професионално има одиграно 24 меча, може да се пофали со 23 издвојувани победи а само еден пораз.

 |  Николоска Биљана  | 

Агрон Џила од Струга, младиот македонски боксер се подготвува за мечот, титулар светски првак во IBF верзија. За противник ќе го има актуелниот светски првак Јоан Пабло Хернандес Суарез. Бокс мечот е закажан за 26 декември годинава во Касино „Курсал“ Берн, Швајцарија. Тој за ТВМ кажа како течат подготовките.

 „Јас не играм само бокс, работам 8 часови дневно. Секое утро станувам во 5 часот, па потоа одам на работа и навечер тренирам 2-3 часа со мојот тренер кој е во Швајцарија во Бокс Клубот“– вели Џила.

Професионалната кариера на Џила се состои од 24 меча, во 23 од нив има издвојувано победи, од кои 18 со нокаут, а има само еден пораз. На 5 ти септември  годинава во Дрезден, Германија со победа во првата рунда против боксерот Георги Грогол Абулаџе,  стана носител на титулата светски шампион за млади боксери до 24 години во три верзии. Џила вели дека боксот го сака од душа. Тој  за ТВМ ја открива тајната на својот успех, а кажува и што му е предизвик во иднина.

„Јас не боксувам со лева, левата рака ми е посилна, јас боксувам нормално но ударот со лева ми е посилен. Моја желба е да боксувам со Хернандес, тој е кубанец но живее во Германија и тоа ќе биде голем настан“ – истакна Џила.

Џила во моментов е дел на компанијата “Sauerland Team”, а неговиот менаџер е Оливер Дучлер. Досега ниту познатиот Тајсон, ниту Кличко, не успеале да се носители на титула која ја носи младиот стружанец Џила, светски шампион за млади до 24 години. За крај уште една тајна која ја откри Џила пред камерата на ТВМ, никогаш во приватниот живот не употребил сила за да се одбрани. Тој успешно се справува само со противниците во рингот и досега нема посериозни повреди.

{loadposition content9}