Skip to main content

Беса: Струга е село во споредба со олимпискиот Охрид

Струга станува село на олимпискиот град Охрид. Под ова мото деновиве пред медиумите настапија претставниците движењето Беса од Струга. Тие укажаа дека функционерите на ДУИ треба да донесат некоја капитална инвестиција во Струга, а не само да се слепи послушници на владеачката ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 

Некогашниот затворен струшки пливачки базен, од кој денес остана само една грда руина, собиралиште на наркозависници, тема на движењето Беса од Струга. Од таму остро се спротивставуваат на како што велат анти албанските политики спроведени од страна на владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во  Струга,  кои пак од друга страна делуваат заедно кога се во прашање интересите на граѓаните на Охрид. Како што нагласи Фатмир Емуш од движењето Беса, тие немаат ништо против граѓаните на Охрид но категорично се против неспособноста на функционерите на ДУИ кога се во прашање капиталните инвестиции кои се наменети за градовите со мнозинско албанско население.

„Денеска сме тука за да ја докажеме уште еднаш таа инфериорност која јасно се гледа и во оваа состојба на овој базен кој што е руиниран во целост и е претворен во гнездо на нарко зависници додека овој базен се наоѓа во непосредна близина на најголемото основно училиште во градот. Причината за оваа пред конференција е одлуката на Причината за оваа пред конференција е одлуката на владата за инвестирање 5 милиони евра за олимпискиот базен во Охрид, одлука која е подржана и од страна на високите функционери на ДУИ меѓу кои и пратеникот од овој брад од редовите на ДУИ,ладата за инвестирање 5 милиони евра за олимпискиот базен во Охрид, одлука која е подржана и од страна на високите функционери на ДУИ меѓу кои и пратеникот од овој брад од редовите на ДУИ “- велат од движењето Беса.

Емуш изјави дека на албанските функционериод ДУИ многу добро им е позната состојбата со овој базен и досега ништо не презеле оваа појава да се реши и да се стави во функционална состојба.

„Движењето Беса Струга смета дека додека и претставниците на Албанците не учествуваат во креирањето на буџетот на Република Македонија на рамноправен начин согласно реалните потреби на граѓаните нема да запре со истакнувањето на револтот на овој дискриминаторски буџет“ – нагласува Беса.

Познато е дека објектот на некогашниот затворен струшки базен се наоѓа во склоп на ОУ „Браќа Миладинови“, а беше изграден  пред околу 35 години.  Само за потсетување овој базен даде спортисти кои Р. Македонија и Струга ги закитија со стотици мегународни медали. Таму некогаш се свиреше химната и се подигнуваше Македонското знаме на врвни меѓународни натпревари.