Skip to main content

Дали лабуништани ќе добијат спортска сала?

Кој ќе ја гради спортската сала во Лабуништа, струшко, ВМРО или ДУИ? Неодамна, министерот за образование Абдулаким Адеми, најави дека салата ќе почне да се гради за неколку дена. Наспроти ваквите најави од општина Струга со обвинувња дека Министерството за образование сè уште нема поднесено барање до нив за издавање на дозвола за градба за спортската сала во струшко Лабуништа.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Жителите на Лабуништа струшко сеуште чекаат изградба на спортски објект, сала. Само за потсетување во 2011 година беше удрен и камен темелник за спортска сала но од тогаш па до ден денес ништо од тоа, само ветувања. При неодамнешната посета на министерот за образование Абдулаќим Адеми во Лабуништа, тој пред мештаните повторно настапи со најава за изградба на спортска сала, а ги кажа и причините зошто досега не се отпочнало со градба.

„За неколку дена ќе почне со градба и спортската сала која е во вредност околу 41 милион денари или околу 690 000 евра. За општина Струга ова не е последна инвестиција  затоа што оваа година ќе го инсталираме проектот за централно греење во ОУ „Ашим Агуши“ во село Радолишта, а исто така нема да останат само на овие инвестиции, продолжуваме со инвестиција за подобрување на условите во струшките основни училишта. Излегоа некои административни проблеми. Сега ги надминавме истите. Ќе добиеме и одобрение за градба утре, задутре и конечно ќе се гради спортската сала“ – изјави Адеми.

И пратеникот на ДУИ Рамиз Мерко, истакна дека во струшко треба да се направи многу повеќе отколку што е досега направено.

„Се надевам дека со помош на мештаните на Лабуништа ќе работиме многу повеќе. Сакам да наведам дека од наредната недела почнуваат работите за спортската сала каде што е поставен камен темелникот и работите ќе течат непрекидно и за брзо време и ние ќе бидеме дел од спортските активности во спортската сала во Лабуништа“- вели Мерко.

Но од опшина Струга изразија сомнеж дека овие ветувања се следните изборни приказни на владеачкиот бином ВМРО-ДУИ, како што стои во дописот од Локалната самоуправа. Од таму  ја потсетуваат јавноста дека како општина од страна на Министерството за Образование не е дојден ниту еден документ, како билатерален договор, иако пред неколку дена цела влада стигнала во с. Лабуништа и  прокламирала дека ќе почне изградбата на спортската сала. Како општина се обратиле неколку пати писмено за ова прашање. Од општина Струга исто така велат дека наспроти овој случај, во проектот на владата за изградба на 145- училишни сали, Струга, иако на државно ниво е претставена со 3% од вкупната популација, и како резултат и припаѓат најмалку 4 спортски сали, треба да добие само една. И тоа, сала која ќе се изгради во школото ‘’ Јосип Броз Тито’’. Само за овој случај, општината имала примено документи, односно договор за одговорностите на двете страни, општината и министерството, а за Лабуништа до сега немале примено ништо