Skip to main content

Граѓански форум во Струга

Фондацијата отворено општество и оваа година на општина Струга ќе и даде средства за еден значаен проект кој ќе го одберат граѓаните. За таа намена фондацијата ќе даде 40 000 американски долари. Тоа е во рамките на реализација на проектот Општина по мерка на граѓаните кој се спроведува во три општина, Струга, Струмица и општина Центар, Скопје.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Граѓаните имаат право да предлагаат свои проекти, свои приоритети, за прашања кои директно ги засегаат. Тоа им е овозможено по усвојувањето на четирите стратегии од областа на образованието, соработката со граѓанскиот сектор, социјалната заштита и планот за млади и изработката на четирите акциски планови. Како што појасни проект координаторот Наташа Ангелеска, која доаѓа од Фондацијата отворено општество, имајќи го во предвид фактот дека финансиската состојба на општина Струга е лоша, проектите кои таа треба да ги финансира, Фондацијата им помага со кофинансирање на проект кој ќе го одберат граѓаните.

„Овој проект придонесе за тоа да сватат граѓаните дека општината е тука за нив, да можат да си ги искажат своите потреби. Ние во оваа општина отворивме Центар за поддршка на заедницата кој што служи како еден вид на мост помеѓу граѓаните и општинската администрација и ги фасцилитира овие процеси. На овие форуми ние имаме голем број учесници пред форумите и после форумите има заинтересираност да се добијат што поголем број предлози…за жал ние сме ограничени и со финансиски средства и со временска рамка за имплементација меѓутоа сме задоволни како општина Струга се однесува“.

Сурија Рашити раководителот на секторот за образование од Струга, вели дека ваквите форуми се мошне значајни, бидејќи даваат дополнителен поттик за работа на општинската администрација. Тој кажа како тече реализацијата на проектите во образованието.

„Воглавно се реализаирани согласно финансиските можности на општина Струга, знаете каква е состојбата во образованието и каква ја наследивме, имаме одреден напредок и се надеваме дека во иднина ќе биде уште подобро“.

Инаку, претставниците на институциите кои беа дел од форумот кој денес се одржа во хотел Мираж Струга, имаа предложено по два проекти од секоја област. Младите, имаа предлог проект за Формирање на фонд за поддршка на талентирани млади и предлог проект за Приспособување на простор за „Нова градска читална како простор за едукација и неформално образование на младите. Акцискиот план од образованието достави два предлог проекти и тоа Набавка на опрема и помагала за практична настава во кабинетите на СОУ гимназија „Др Ибраим Темо“, како и проект за реконструкција според стандардит за енергетска ефикасност на дел од училиште. Планот на областа социјална заштита достави проекти за Формирање на мобилен сервис за социјална заштита во руралните населени места и проект за Инфраструктурни реконструкции од областа на социјалната заштита – Набавка на монтажни контејнерски единици за детска градинка Сонце. А Соработка со Граѓанскиот сектор доставија предлог проект , Кампања за младинска вклученост во граѓански организации и Обуки на вработени во администрација за меѓуопштинска и меѓуинституционална соработка, изработка на проектни апликации, користење на современи ИКТ, комуникациски вештини.