Skip to main content

Против Тетанус, стружани можат да се вакцинираат во Вевчани или Охрид

Пациентите од Струга кои имаат потреба од примање на вакцина против тетанус, доколку не се сместени на хируршкото оделение во градската болница, ќе мора да избираат дали истата ќе ја примат на инфектолошкото одделение во охридската болница Охрид или во амбулантата на Центарот за нефрологија.

 |   | 

Во градската болница во Струга нема вакцини за тетанус, реагираат стружани. Објаснуваат дека поради тоа биле приморани оваа вакцина која инаку е многу важна при заштита од рани направени при повреда од железо, метал, стакло и друго, да ја примаат во амбулантата на соседната болница за дијализа или пак на инфективното одделение во Општата болница во Охрид. Оваа вакцина е многу важна при заштита од рани направени при повреда од железо, метал, стакло и друго. Ментор Ибраими, директорот на болница Струга, е свесен за овој проблем и за потребите на пациентите кои за една вакцина треба да патуваат до Охрид, но вели дека тоа се нивните можности.

„Јас ја разбирам таа вознемиреност за пациентите кои треба да се третираат со вакцина од тетанус, за нашите пациенти кои се третираат лежат во хируршкото одделение во болницата во Струга имаме во доволна количина вакцина против тетанус, додека другите пациенти кои имаат амбулантски третман тие се препраќаат од нашите лекари во соодветна установа, т.е во Инфективното одделение во Охрид или во инфективната амбуланта тука во склоп на дијализа“, Ментор Ибраими – директор Општа болница Струга.

Обично на дневна основа бројот на пациенти кои имаат потреба да се вакцинираат од тетанус е двајца до тројца, но во лето со изложеноста на телото на повреди тој број е многу поголем.Ибраими објаснува дека формирањето на едно инфективно одделение или амбуланта во рамките на Општата болница во Струга е навистина потреба, а не желба.

„Потреба е на Општа болница Струга да има во склоп на болницава инфектолошка амбуланта или одделение поради тоа што голем број пациенти гравитираат во нашава установа, што значи дека тоа не е желба, туку потреба е да има инфективно одделение“, Ментор Ибраими – директор Општа болница Струга.

Инаку пациентите оваа вакцина можат да ја примат во медицинската установа во Вевчани додека доколку се јави потреба за примање на т.н. антирабилна вакцина, неопходна за заштита од каснување од животни, стружани повторно ќе мора да одат до Охрид.