Skip to main content

ТАМПОНИРАН ПОЛСКИ ПАТ ПОМЕЃУ СЕЛАТА ВОЛИНО И ТРЕБЕНИШТА

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Волино и Требеништа каде завршија градежните работи околу изградбата на полски пат помеѓу селата Волино и Требеништа.

 |   | 

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Волино и Требеништа каде завршија градежните работи околу изградбата на полски пат помеѓу селата Волино и Требеништа.

Станува збор за тампонирање на постоечки земјен полски пат кој што обезбедува многу побрз и полесен пристап на земјоделците до своите земјоделски површини. Од стариот земјен пат, најпрво се отстрани земјаниот слој, се изврши набивање на подтлото, а потоа се изврши насипување и тампонирање со сепариран дробен камен. Согласно проектната документација се работи за тампонирање на полски пат со должина од 1783,64 метри, ширина на планумот на патот од 3,0 метри, а за одведување на водата од околните ниви се изработуваат 8 бетонски пропусти.

Со овој пат ќе обезбедиме полесен и побрз пат до земјоделските површини, а ќе се создадат услови земјоделците да можат да одгледуваат и подоходовни култури, рече Игор Трајкоски, градоначалник на Општина Дебрца.

Изградбата на полскиот пат е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со вкупна инвестициона вредност на овој проект е 997.546,00 денари без пресметан ДДВ.