Skip to main content

Се работи на училишната зграда во Лешани

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом.

 |   | 

Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “ДЕБРЦА” с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар.

Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население, со што ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци.

Согласно динамиката на изведување на работите, досега е изработена армирано-бетонската конструкција на културниот дом, изработена е нова кровна конструкција покриена со ќерамиди, започната е санација на фасадата на која ќе се постави нова фасадна пвц столарија, а во моментов се изведуваат внатрешните инсталации и внатрешните завршни градежно-занатски работи, со што објектот ќе добие комплетно нов изглед.

Вкупната инвестициона вредност на овој проект е 6.175.807,0 денари со пресметан ДДВ, од кои 3.000.000,0 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а остатокот се сопствени буџетски средства.