Skip to main content

ОПШТИНА ДЕБРЦА НАБАВИ СПЕЦИЈАЛИЗАРАНО ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД

Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни.

 |   | 

Со набавката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во смисла на навремена достапност до нив, достапност до сите места каде што претходно имаше потешкотии да се пристапи. Со оваа инвестиција ќе имаме навремено подигањето на отпадот ќе биде навремено а ќе се обнови и возниот парк на претпријатието, велат од Општина Дебрца. Возилото е набавено со средства од Проектот за подобрување на општинските услуги во Република Македонија, подржан од Светска Банка.