Skip to main content

Питачењето сериозен проблем во општина Струга

Децата на улица во најголем процент се злоупотребуваат од сопствените родители или други блики за питачење а потекнуваат од семејства од социјално најранлива група на граѓани. Решавањето на проблемот со децата на улица и грубото кршење на нивните права, предизвик за институциите. Денес во Струга, во организација на Центарот на заедницата, поддржани од општината, се одржа панел дискусија на тема „Згрижување на деца од улица“.

 |  Николоска Биљана  | 

Питачењето сериозен проблем во општина Струга. Со цел да се надмине овој проблем како и да се изнајдат мерки кои треба да бидат преземени од страна на локалните власти, Центарот на заедницата на општина Струга организираше панел дискусија на тема „Згрижување на деца од улица“, како дел од нивната програма за реализација во 2017 год. Катерина Талеска Скепароска, проект координаторот на Центарот, истакна дека потребно е подолг временски период за надминување на овој проблем со координирано делување на надлежните институции кои се занимаваат со оваа проблематика.

„Најчесто овие деца се од ромска националност и се на возраст од 7 до 14 години и можиме да ги поделиме во неколку групи, деца од семејства каде се нарушени односите, деца без родители или деца каде што родителите се разделени. Децата на улица претставуваат оние деца кои што секојденвно се наоѓаат на улица“.

Питачењето како појава не загрижува и нас во Центарот за социјална работа, вели Беким Баута. Тој вели дека под итно треба да се преземат мерки за надминување на овој проблем или истиот да биде намален. Баута смета дека полициската служба треба повеќе да се вклучи, со поставување на пунктови на двата влеза во градот, да се пратат возилата со кои се носат питачите бидејќи градот е мал сите се знаат и лесно можат да се идентификуваат луѓето кои се организатори на доаѓањето на питачите во Струга.

„Јас не дека се сомневам туку сум сигурен дека овие деца заедно со нивните родители се носат на организиран начин во Струга. Престојувалиштето не им се знае дали секојдневно доаѓаат од другите градови или пак непријавени во градот престојуваат преку ноќ тука и утредента излегуваат на улица

Претседателот на координативното тело Неџми Мустафа, истакна дека општина Струга веќе направила план како да се справи со проблемот со питачењето.

„Проблемот за кој што ќе дискутираме денес дава лоша слика за градот, не можеш пример мирно да пиеш кафе во Струга бидејќи е зголемен бројот на децата на улица и питачите и затоа денес сме мобилизирани сите институции заедно, да соратуваме и од денес да решиме како да се справуваме со проблемот ако не потполно да го решиме барем да изнајдат можни решенија за намалување на бројот и да се подобри ситуацијата

Координативното тело за спречување и отстранување на питачите на територијата на општина Струга го сочинуваат претставници од Центарот за социјални работи, МВР, општина Струга, Црвен крст, Здравствен Дом, Ученички Дом и невладиниот сектор. Задача на координативното тело е да врши надзор, спречување и отстранување на лицата кои ќе бидат затекнати при вршење на питачење на подрачјето на општина Струга