Skip to main content

Струга влегува на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси

Струга домаќин на Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија. Учесници од 12 земји, како и 5 интернационални предавачи ќе споделат многу искуства од регионот и светот, а воедно учениците ќе имаат одлична можност да научат нови вештини и техники, од фотографската уметност.

 |  Николоска Биљана  | 

Струга и Македонија влегуваат на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси. Денес во хотел Дрим Струга започна првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија. Самитот е посветен на свадбената и портрет фотографијата, вели Ангел Ангеловски дел од организациониот тим на продукцијата “Ангеловски фотографи“, кој појасна од каде потекнала идејата за организација на еден ваков голем настан.

„Идејата се роди пред 5-6 месрци кога Грег прв пат дојде на работилница во Скопје во Мериот, видовме дека има потенцијал во Македонија и дека вакви настани нема и има добар потенцијал да се развие во нешто да се развијат особините, вештините на сите фотографии и видеографии бидејќи има простор за надградување и секој што заработува од оваа работа и што сака да се надградува и заработува повеќе ваквите настани на запад се задолжителни“

Дел од организацијата на Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија покрај „Ангеловски Фотографија” од Македонија стои и „Грег Момент Фотографија” од Полска. Одговорниот Грег Момент, вели дека неслучајно настанот го организираат покрај прекрасниот амбиент на Охридскот езеро бидејќи местото е совршено за фотографирање. Тој пренесе кој е бенефитот од организација на еден ваков настан.

„Од овој самит придобивките се многу, прво за оваа индустрија што значи дека луѓето мора да сфатат дека не треба само да се натпреваруваат меѓу себе туку и дека можат да изградат една бранша во која ќе научат нови техники, ќе воспостават контакти, пријателства и ќе се поврзат интернационално со спонзори и партнери. Долга е листата на предности да се биде дел од овој настан

Настанот се одржува во хотел „Дрим“ и ќе трае до 13 април. Збогатен е и со содржини од видео продукцијата, модната, уличната и новинарската фотографија. На првиот Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија има околу 100 учесници. Тие ќе имаат можност да следат предавања и работилници од врвни, меѓународно признати и докажани професионалци, практичари и теоретичари. Своите совети, искуства и пристапи ќе ги споделат Грег Момент од Полска и Дејвид Бренот од Франција во делот на свадбената фотографија, Димитри Усанин, Русија во делот на свадбена и семејна фотографија, Серџо Дуарте, Португалиј) и Бојан Митковски од Македонија во делот на кинематографијата, Роџер Тан од Малезија во делот на свадбената и портрет фотографија, Ани и Дими Македонија во делот на портрет и модна фотографија, Томислав Георгиев од Македонија во делот на улична фотографија и Роберт Атанасовски во делот на новинарска фотоографија.
Во рамки на тридневната агенда, ќе бидат презентирани најновите технолошки и дигитални производи и достигнувања, претставени од компаниите и партнерите кои ја помагаат реализацијата на Самитот. Дружење ќе заврши со натпревар по фотографија на кој учесниците ќе можат да ги пријават и изложат своите фотографии кои ќе бидат оценувани од стручно жири, составено од говорниците и презентерите на самитот.