Skip to main content

Стружани велат „Доста“

Стружани денес ќе го кренат гласот против палењето на струшката депонија, кое со денови ја обви Струга и околината во чад.

 |   | 

Стружани денес ќе го кренат гласот против палењето на струшката депонија, кое со денови ја обви Струга и околината во чад.

На социјалните мрежи се објави повик во кој стои:

„Веќе подолго време сме сведоци на системското труење што се случува во цело струшко поле, заради секојдневното палење на струшката депонија. Во време кога сите се стремат на рециклирање на отпадоци и промовирање на еколошки иновации, ние и нашите деца дишеме запалена пластика, без трошка совест од одговорните.

Бидејќи институциите се слепи и глуви за оваа ситуација, време е ние, граѓаните да покажеме дека не сакаме и НЕМА да живееме во чад и магла.

Ова е покана, преку единственото средство во рацете на народот, да го кажеме јасно и гласно! За нас, за нашите деца!“