Skip to main content

Кривична пријава за претседателот на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(56) од Куманово.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(56) од Куманово.

Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ лоциран во населба „Езерски лозја“ во Струга.

Тој бесправно, за себе присвоил парични средства кој му биле  доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари.