Skip to main content

Сеуште нема субвенции за земјоделците

Земјоделските субвенции по втор пат се сопнаа на Законски пречки, пренесува „Алсат М“.

 |   | 

Министерот за земјоделство Михаил Цветков вели дека го чека министерот за финансии Кирил Миновски да пристигне од Америка и заедно да бараат решение како ќе ги одблокираат заглавените субвенции. Тој вели дека пари во државната каса има, но проблем се Законот за избори и Законот за земјоделство и рурален развој.

„Проблемот не е кај нас туку кај министерството за финаснии. Треба да седнеме, да разговараме и ќе најдеме решение.“ – изјави Михаил Цветков, министер за земјоделство

Цветков заедно со неговите соработници призна дека државата должи околу деведестет милиони евра на име субвенции за последните три години. Од кои најголем дел од средствата односно 52 милиони евра се за 2016 – та година и околу 1,2 милиони евра на име дополнителни субвенции, останатите средства се како што вели Цветков минимални и се за 2014 – та година

Додека надлежните бараат решение, земјоделците на терен велат дека аграрот е пред колапс. Алармираат дека заради лошата економска состојба но и временските непогоди во земјва ќе има многу мало производство.

„ Субвенциите за ланската година не сме ги земале, оваа година требаше да ги дадат, ветуваат но ете ги немаме. Апелираме да ни ги дадат за да можеме да интервенираме понатаму.„

„ Субвенции не сме земале за ланската и оваа година. Дали ќе ги земаме? И тие кои ги земаат, ги земаат луѓе кои не треба да ги земаат додека тие кои земале многу стока без везе без ништо да садат. Тие земаат субвенции а ние не го земаме тоа што ни следува. Не очекуваме пари бидејќи државата оди надолу а не нагоре.“

„Субвениции нема. Доцнат но не знам што е се е заради ниввните работи. Не знам што се прави во министерството.“

„ Добив субвенции во висниа на 500 евра. И тие не ги пуштија, некои имаат и десет илјади евра за земање но не им ги даваат.Многу ни штети тоа што навреме не ни ги пуштаат субвенциите. “

„ Субвенции не пуштија. Наместо пет хектари сега садаиме само два оти немаме пари.“ – велат дел од земјоделците

Земјоделците за утре најавуваат протести со блокади на патиштата во неколку региони. Министерот вели дека блокадите се демократско право на земјоделците но смета дека проблемот треба да се решава институционално.