Skip to main content

Семејно насилство во струшко Франгово

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.А. (38)  од струшкото село Франгово.

 |   | 

На 19-ти минатиот месец, во 14 часот и 30 минути, во семејниот дом во селото Франгово, се случила семејна расправија помеѓу сега пријавениот и неговата сопруга. Во еден момент од жестоката вербална караница, А.А. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја по целото тело со ноsе и со тупаници.

Со цел да го избегне физичкиот напад, кој се случил во присуство на роднините на пријавениот, оштетената избегала надвор од домот но, во дворот била стигната од сопругот и повторно нападната.

Натамошниот тек од физичкиот напад бил спречен од соседите кои и помогнале на оштетената и ја засолнале во нивниот дом. Набрзо тука пристигнал нејзиниот татко кој ја пренел во Општата болница во Струга.