Skip to main content

Стружани денес на протестен марш

Граѓанската иницијатива „Доста“ денес организира протестен марш протестен марш бидејќи стружани заслужуваат да живеат во здрава животна средина.

 |   | 

Граѓанската иницијатива „Доста“ денес организира протестен марш протестен марш бидејќи стружани заслужуваат да живеат во здрава животна средина.

„Доста е! Доста дишеме, јадеме, живееме во чад и смрдеа. Стоп за загадувањето. Протестниот марш започнува на паркингот пред Пливалиште и завршува на кружниот тек од магистралниот пат на влезот во Струга. Со оглед на тоа дека голем број од граѓаните повикуваат на радикализирање на незадоволството во врска со струшката дива депонија, од Граѓанската иницијатива “Доста” на координативен состанок одлучиле уште еднаш да го кренат гласот против овој проблем.

– На состанокот учество зедоа 30-на граѓани кои го споделија своите мислења ставови и предлози за решавање на проблемот, но не се остварија надежите на граѓанската иницијатива дека на состанокот ќе учествуваат и стручни лица (биолог,екологист, лекар) кои би укажале на последиците од горењето на депонијата по животната средина и по здравјето на луѓето“, стои на нивната Facebook страна