Skip to main content

Стружани повторно на протестен марш против дивата депонија

Стружани повторно на  протестен марш против  дивата депонија.

 |  Валентина Неловска  | 

По втор пат со протестен марш стружани порачаа дека им е доста од загадувањето од дивата депонија која повторно гори. Принудени сме на овој потег затоа што досега никој од надлежните органи не понуди конкретно решение , истакна Глигор Ќатоски претставник на граѓанската иницијатива „Доста“. Во понеделникот доставиле конкретни барања до новата влада и до локалната самоуправа итно да се спречи понатамошното труење на стружани.


„ Бараме веднаш да се преземе работна акција за целосно гаснење на депонијата, внатре и надвор. До владата поднесовме барање под итно да се свика вонредна владина седница за да се дискутира за проблемите што ги имаме ние стружани. Да се формира работно тело со експерти од ресорните министерства и врз основа на анализи да се утврди предлог локација, до изградба на регионална депонија, каде општина Струга да го складира сметот“, посочи Ќатоски.

Бараме од владата итно да одвои средства за конзевација на депонијата и час поскоро да ја конзервира. Стоиме зад конкретните предлози кои се реална потреба на стружани а чие здравје од ден на ден е се позагрозено, додава Ќатоски .


„ Доколку не излезат во престрет на барањата најавуваме радикализација на протестите со блокирање на магистарлниот пат на влез на Струга. Најавуваме во сабота повторно дасе блокира влезот во Струга. Верувајте дека не го сакаме ова ако наделжните ги преземаат работите во свои раце“, кажува Ќатоски.

Статистиките кои ги изнесоа од граѓанската иницијатива „Доста “ се загрижувачки. Голема е смртноста на стружани од карциономи, белодробни заболувања, стерилитет. Дивата депонија е скоро 2 децении среде струшкото поле.