Skip to main content

Стружани поупорни и посигурни во напорите за дислокација на депонијата

Тие со герила акција поставувајки рампа и табла на која на македонски, албански и англиски јазик пишува „Затворено“, симболично ја затворија дивата депонија.

 |   | 

Честито затворање и никогаш повеќе да не се отвори! – порачаа активистите на „Доста е“.Од граѓанската иницијатива „Доста е“ кои се организатори на протестите, најавија и порадикални чекори доколку нема целосно решение на проблемот. Глигорије Ќатоски од граѓанскаta иницијатива „Доста е“ кажа дека нивното прво барање било исполнето. Депонијата е изгасната но тоа не значи решавање на проблемот. Доколку надлежните не донесат одлука за складирање на отпадот на некоја побезбедна локација , тогаш останува оваа постојна локација која се изгасна.

„Општина Струга складира околу 130000 метри кубни отпад на годишно ниво. Ако ние дозволиме повторно да се складира отпад на оваа локација тоа би значело дека за два три месеци повторно ќе го имаме истиот проблем кој со маки успеавме да го решиме“, истакна Глигорије Ќатоски – граѓанска иницијатива „Доста е“.

Иако пред неколку дена депонијата беше целосно изгасната и покриена со песок откако од неа повеќе од два месеци се ширеше чад, граѓаните на Струга им дадоа рок од 15 дена на институциите да определат предлог локации каде во иднина би се носел сметот од градот.
Овој протест се организира од причина што бараме надлежните да состават работно тело од експерти кои би определиле предлог локации за итно складирање на градскиот отпад. Основен критериум за таа локација да биде минималниот ефект кој истата би го имала врз животната средина и здравјето на луѓето.

„Република Македонија има 54 вакви депонии од коишто 16 се со висок ризик на штета. Струшката депонија е еедна од тие депонии, односно во превод тоа би значело да, врши здравствен , економски и еколошки ефект на целиот регион“ објасни Валентина Јовановска Филипова- Инжињер за заштита на животна средина.

Бараме во рок од 15 дена да ги имаме тие предлог локации, а во меѓувреме ги замолуваме надлежните да не го фрлаат отпадот на постојната делонија и да изнајдат некое привремено решение. Ние сме тука да го актуелизираме проблемот, а не можеме да отфрлиме и дополнително радикализирање“, вели Ќатоски. Локалните власти од Струга најавија дека отпадот ќе продолжат да го носат на постоечката депонија, на посебно определено место за тоа, се до изнаоѓање на решение со Владата. Моментално депонијата во Струга е висока е 13 метри и големина како четири фудбалски игралишта.