Skip to main content

Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда

Повторно гори дивата струшка депонија. Стружани револтот го изразија така што во раните утрински часови голема количина на комунален отпад истурија пред влезот на зградата на општината. Институциите не се моќни да го решат проблемот, забележуваат од граѓанската иницијатива „Доста е“.

 |  Николоска Биљана  | 

Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда. На тој начин тие го изразија својот револт од бавната реакција на институциите за реашавање на проблемот со дивата депонија. Од струшко поле денеска повторно се издигаше чад кој ги гуши стружани. Депонијата повторно гори откако со тешки напори беше изгасната средината на јуни. Граѓаните не отстапуваат од своите барања, засилени мерки за контрола, чуварска служба, полициски надзор, но и казни за лицата кои ќе бидат фатени како ја палат депонијата.

„Јас сабајле станав рано и во магла ја гледав цела Струга. Ова прашање треба да се реши што побрзо бидејќи се загади цел град“.
Апелирам да се преземат поголеми мерки бидејќи ова во сред сезона не смее да се случи. Ова е туристички град. Очекуваме Струга да биде чиста и да има воздух бидејќи од тоа целиот град живее. Ова сигурно некој го прави намерно. Треба таму да стават стража бидејќи синоќа беше катастрофа за целиот град“.
„Сите нека ги дави, не ме интересира. Има надлежни за тоа, што сакаат нека прават

Глигор Ќато од граѓанската иницијатива „Доста е“, смета дека институциите се немоќни да го решат проблемот. Додава дека остануваат прзни ветувања од надлежните а дека ништо конкретно не било преземено за решавање на проблемот.

„Ние во Струга се соочуваме со два непобитни факти. Постојано спалувањее на депонијата и второ имаме институции кои што се немоќни да се справат со овој проблем. Со последното гаснење се потрошија стотици илјади евра за да се изгасне депонијата за да купиме две или три недели, и депонијата пак да биде спалена

Ќато вели дека состојбата во Струга станува уште покритична бидејќи во моментов нема фирма која ја одржува депонијата. Претходно депонијата беше прекриена со земја и песок со ветување дека тоа е само превентивна мерка, за да не може повеќе да се пали. Од општина Струга велат дека до Владата веќе доставиле две времени решенија за можни локации и дека за тоа ќе се разговара и на Владина седница.