Skip to main content

Само осум струшки плажи со спасители на вода

Концесионерите на плажите не ги почитуваат одредбите од Законот за безбедност на вода и не ангажираат спасители, па така покрај со случаи на давење, струшките спасители се соочуваат со голем број на повреди, сончаници па дури и загубени деца кај посетителите на струшките плажи.

 |   | 

Само осум струшки плажи вклучително и аквапаркот ангажирале спасители на вода. Од Општинската организација на црвениот крст од Струга, велат дека за ваквата состојба ја информирале Капетанијата на пристаништа на РМ. Адуриме Даути од струшкиот Црвен Крст вели дека моментално на струшките плажи за безбедноста на капачите се грижат 25 обучени спасители на вода, додека реалната потребна бројка, доколку сите концесионери на плажи би ги ангажирале би била поголема од четириесет.

„Апелот оваа година оди и за спасителите и за туристите, особено да се внимава при користењето на рекреативните направи, да ги користат безбедносните елеци и да бидат колку е можно поблиску до зоната на спасители за да можат спасителите поефикасно да реагираат и да бидат поефективни во нивната работа“ апелира Адуриме Даути -О.О. Црвен Крст Струга.

Концесионерите на плажите не ги почитуваат одредбите од Законот за безбедност на вода и не ангажираат спасители, па така покрај со случаи на давење, струшките спасители се соочуваат со голем број на повреди, сончаници па дури и загубени деца кај посетителите на струшките плажи. Струшките спасители апелираат до родителите да водат поголема грижа за нивните деца, се со цел да се одбегнат моментите на паника. Исто така неизбежен е и проблемот со користењето на педалиникте, велат спасителите на вода.

„Педалиниките ги има во голем број, но проблемот е до луѓето кои ги користат педалинките. Ги користат воглавно непливачи не ги користат спасувачките елеци, одат вон зоната на спасување, да се близу зоната е полесно ама не е до нас“ објаснува Робертино Димоски – спасител на вода.

Неодамна беше регистриран и случај на давеник на една од струшките плажи но, не во делот каде што е спасителот, каде што е обележано за капење, туку на 400 метри од брегот, но сепак спасителите на Црвениот Крст го извадиле, направиле се што е потребно, но за жал, лицето долго време било под вода.