Skip to main content

КУД „Дримкол“ Вевчани на турнеја во Р. Италија

Деновиве КУД „Дримкол“ од Вевчани учествува на фестивал во градот  San Giovani in Galdo во Италија. Во своето гостување друштвото  оддржа 3 целовечерни концерти пред многубројна  публика во градовите Ripalimosani  и San Giovani in Galdo каде ги претстави богатата македонска народна носија,  изворните инструменти како и изворните кореографски постановки.

 |   | 

Деновиве КУД „Дримкол“ од Вевчани учествува на фестивал во градот San Giovani in Galdo во Италија. Во своето гостување друштвото оддржа 3 целовечерни концерти пред многубројна публика во градовите Ripalimosani и San Giovani in Galdo каде ги претстави богатата македонска народна носија, изворните инструменти како и изворните кореографски постановки. Во рамките на турнејата ќе се оствари и посета на вечниот град Рим.

Како национално богатство на Република Македонија, ова Вевчнаско здружение се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава , а преку реализирањето оваа турнеја уште еднаш го потврдува својот статус-Амбасадор на вевчанската и македонската култура и традиција.