Skip to main content

Реформаторите на ВМРО – ДПМНЕ меѓу стружани

Враќање на основните вредности на ВМРО – ДПМНЕ, модернизација и демократизација на партијата е целта на Караванот за демократизација на ВМРО – ДПМНЕ, кој веќе три месеци на терен остварува средби низ градовите и селата во Македонија со членовите на партијата. Само со суштински реформи, ВМРО – ДПМНЕ може да се врати на власт истакна иницијаторот, Александар Михајловски.

 |  Николоска Биљана  | 

Реформаторите на ВМРО ДПМНЕ денеска беа меѓу стружани. Последниве години партијата застранила од вистинските вредности, рече иницијаторот за реформирање и внатрепартиска демократизациј на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Михајловски. Тој денесво Струга пред насобраните граѓани порача дека партијата мора заеднички и што помасовно да ја вратат во вистинската насока да делува за народот, бидејќи според него ВМРО – ДПМНЕ била и ќе остане народна политичка партија од и за народот.

„Тоа што се случуваше изминатите години, тој елитизам и тоа затварање и носење на одлуките од страна на Централата во партијата беше целосно застранување од она за кое што беше основана и етаблирана партијата. Ние како иницијатива сакаме да ги вратиме тие вредности во ВМРО – ДПМНЕ.

Михајлоски вели дека тие секој ден кампањата ја водат во градовите и селата низ Македонија. Тој не најавува активности кои се во врска со престојните Локални избори бидејќи не им биле во фокусот на нивното делување. Михајлоски открива зошто точно во овој момент ја покренуваат реформската иницијатива, која според него е единствен начин со кој може партијата да се врати на власт.

Мислиме дека времето за иницијативата доаѓа на време бидејќи после неколкугодишни неуспешни политики на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, партијата со освоени 51 пратеник 2 пратеници повеќе од СДСМН не успеа да формира парламентарно мнозинство и да ја формира Владата. Тоа беше единствено поради погрешните политики што се водеа изминативе три години и во моментот кога вече беше јасно дека тие политики доживеаа целосен неуспех, тоа е моментот кој ние како членови, станавме и имаме право да побараме од тој кој што ги водел тие неуспешни политики, кој што го донесоа победничкиот пораз на ВМРО – ДПМНЕ и го однесоа ВМРО – ДПМНЕ во опозиција да побараме одговорност“

Денес во Струга се одржа четвртата панел дискусија. Михајлоски вели дека секој ден се повеќе и повеќе членови се приклучуваат кон реформската иницијатива. Него посебно го радува и охрабрува тоа што вчера пратениците од првиот парламентарен состав на ВМРО – ДПМНЕ, луѓето кои ја основале партијата потпишале декларација за демократизација на ВМРО – ДПМНЕ и дале поддршка на реформите.