Skip to main content

Далчески: Струга стана специфично место за работење во туризмот

Струшките хотелиери се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат. Тие сметаат дека на градот на две води му треба добра промоција, она што досега го нема, како и залагање на општина Струга да го реши проблемот со несредените плажи, нерегуларните паркинзи и депонијата како најгорлив проблем поради кој оваа сезона претрпе огромни последици.

 |  Николоска Биљана  | 

Струга стана специфично место за работење во туризмот. Многу околности влијаат врз тоа, смета Предраг Далчески управителот на двата струшки хотели „Плажа“ и „Галеб“, кои според нивната местоположба се на атрактивни локации во оваа општина. Далчески вели дека задоволен е од оваа туристичка сезона и покрај сите проблеми кои се случија пред сезоната, во Охрид земјотресите, во Струга депонијата.

Тука сепак морам сепак да се надоврзам на уреденоста на Струга, плажите кои се издадени под концесија, апсолутно несредени плажи, нерегулирани паркинзи се соочувавме со многу проблеми, со оглед на работењето во едни такви околности задоволни сме

Без алтернативни решенија за продолжување на туристичката сезона со што би се зголемила понудата, не можеме да зборуваме за развој на туризмот кој во моментов е сведен само на плажарски туризам, нагласува Далчески.

Промоција во секој случај треба Струга е исклучена од тие промоции како општина ние никаде не настапуваме како општина на туристичките берзи и саеми, така што слободно можам да кажам дека како хотелиери оставени сме сами на себе да се снаоѓаме како умееме и знаеме“

 

Далчевски вели дека подолг период сите активности се случуваат преку ХОТАМ. Според него доколку не била хотелската асоцијација струшките хотелиери би биле во уште полоша состојба.