Skip to main content

Денес пред стружани претставена алатката Локален избор

Институтот за истражувања Импакт денес во Струга ја претстави алатката „Локален избор“, достапна на македонски и албански јазик . Оваа алатка граѓаните имаат можност да ја користат од почетокот на изборната кампања до денот на локалните избори.

 |  Николоска Биљана  | 

Струга е една од неколкуте општини кои се дел од проектот „Локален избор“. Се работи за бесплатна
онлајн алатка која што им овозможува на гласачите да ги споредат своите позиции со позициите на кандидатите и партиите кои ќе учествуваат на претстојните локални избори. Овој проект го реализира Институтот за истражување, Импакт. Самет Шабани истакна дека граѓаните со оваа алатка ќе имаат можност да одговорат на серија од 20 винимателно селектирани искази по важни прашања.

Во тие 20 искази се определени 8 области како што се планот за урбанизам или пак транспарентност безбедносна политика, животна средина и на вакви и слични искази можат да бидат информирани кој е ставот на кандидатите и со самото тоа можат да одат поинформирано на гласањето

Една ваква онлајн алатка беше применета и на последните предвремени парламентарни избори во соработка со Холандска организација во рамки на проектот Изборен компас. Шабани вели дека тоа се покажало како успешно па заради тоа одлучиле идејата да ја применат на Локално ниво.

Во претходната алатка практично за парламентарните избори имаше 10 000 одговори од испитаници ширум Македонија.

Согласно одговорите на 20 те искази, позициитие и на политичките партии и на граѓаните се пресметани според просторниот модел на политички натпревар. Пресметката на позициите се базира на математички алгоритам, кој е апсолутно независен од било каква интервенција и влијание на истражувачкиот тим и кандидатите. Важно е да се укаже и дека алатката не им кажува на корисниците за која партија и кандидат да гласаат, туку едноставно им покажува каде се поставени нивните лични ставови на политичката сцена и согласно тоа кои кандидати им се блиски а кои далечни по однос на политичките ставови. Проектот „Локален избор“ е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во РМ.