Skip to main content

100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка

Добри проекти за развој на прекуграничните места од Македонија и Албанија како и поголема искористеност на ИПА компонентата за прекугранична соработка очекува министерот за Локална самоуправа Сухејл Фазлиу. Тој смета дека време е еднаш засекогаш да ја извадиме политиката од институциите за да можат општините да функционираат професионално.

 |  Николоска Биљана  | 

Европската Унија за Македонија и Албанија остави на располагање 100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка. Во Струга денес се одржа Петтиот форум за регионална прекугранична соработка. Министерот за Локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека оваа прилика е добра можност за размена на искуства со другите корисници на ИПА компонентата за прекугранична соработка, со што би се подобрил капацитетот и во ресорното министерство, но и во државата како повеќе да се искористат ИПА фондовите од ЕУ.

Очекуваме дека ќе има добри проекти, соработката е одлична освен што ни ги подобрува односите меѓу нашите држави ова ќе помогне да се развијат нашите прекугранични места“.

Министерот Фазлиу ги повика Невладините организиации и општините да подготват добри проекти со кои ќе ги искористат средствата од ИПА компонентата, најдоцна до 2020 година. Исто така тој ги повика и новите градски власти од земјава на соработка без оглед на која политичка опција припаѓаат.

Сепак можам да кажам дека ќе имаме одлична соработка бидејќи како држава сме во една тешка ситуација што мораме сите заедно да соработуваме без разлика опозиција и позиција за да ги подобриме односите на нашата држава и да не дозволиме младите да ни бегаат да го подобриме квалитетот на живот во нашата држава и еднаш засекогаш да ја извадиме политиката од институциите и општините да можат да функционираат попрофесионално

Како што информираше Фазлиу, од 2014 година до сега двете земји Македонија и Албанија искористија 5 милиони евра за прекугранична соработка, а биле реализирани вкупно 50 проекти од областа на животната средина, туризмот, инфраструктурата, културата и сл.