Skip to main content

Живка Ангелоска е новиот претседател на советот на град Охрид

Живка Ангелоска е новиот претседател на советот на град Охрид. Ангелеска која е од редовите на СДСМ,  беше изгласана со 12 гласа ЗА. За неа гласаа советниците од коалицијата предводена од СДСМ, освен советникот Филип Јованоски кој се воздржа од гласање и од коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. На денешната седница беа формирани и 13те комисиии кои се дел од Советот на општината.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Живка Ангелоска од коалицијата предводена од СДСМ, е новиот претседател на совет. Ангелеска беше изгласана за прв човек на советот со 12 гласа ЗА. За неа гласаа советниците од коалицијата предводена од СДСМ, освен советникот Филип Јованоски кој се воздржа од гласање и од коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Ангелоска им се заблагодари на сите потенцирајќи дека ќе работи во интерес и на советниците кои и ја дадоа довербата, а и оние кои се воздржаа од гласање. Посака овој состав на совет да има плодна рабопта, а од говорницата да се слуснат многу конструктивни дискусии во интерес на градов, а што помалку политика. Инаку, Живка Ангелоска по професија е правник. Таа и во минатото извршувала јавна функција како директор на ЈП „Градски пазар“.
Како дипломиран правник, целокупниот свој стручен капацитет ќе го насочам кон доследно почитување и применување на позитивните правни прописи кои ја регулираат работата на советот и нашите права и должности како советници. Како граѓанин, основен мотив во работењето ќе ми претставуваат барањата, интересите и доброто на нашите сограѓани. Искрено верувам дека во наредните четири години од оваа говорница ќе слушнеме многу конструктивни дискусии. Ќе имаме демократски расправи, а се помалку политички разединувања. Да си го сочуваме личното достоинство на начин на кој нема да посегнеме по туѓата чест и туѓиот углед, рече новата претседателка на охридскиот совет во своето прво обраќање до советниците и јавноста.
На денешната седница беа формирани и 13те комисиии кои се дел од Советот на општината. За претседател на Статутарно-правна Комисија е назначен Мишел Силјаноски од СДСМ, на Комисија за финансии и буџет претседател е Константин Ѓеоргиески, нс Комисија за јавни и комунални дејности прв човек е Џемал Мена, на Комисија за урбанизам е координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на Комисија за општествени дејности Сашо Ставрески, Комисија за туризам и локален економски развој доби претседател жена, тоа е Лидија Петкоска, на чело на Комисија за заштита на животната средина е Рената Арнаудова, Гоце Ѓоргиески е претседател на Комисија за млади и спорт, претседател на Комисија за месна самоуправа е Лидија Петкоска, на Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија прв човек е Елеонора Куноска, а на Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените претседател е Славица Петровска.