Skip to main content

Буџетот на општина Струга тежи 1 милијарда денари

Советот на општина Струга денес ја одржа четвртата редовна седница. На истата се расправаше по 21 точка од дневниот ред, меѓу кои предлог нацртот за статутот на општина Струга, предлог буџетот за 2018 и др. Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ во знак на протест ја напуштија седницата после првата точка.

 |  Николоска Биљана  | 

Буџетот на општина Струга за 2018 година тежи 1 милијарда денари. Во споредба со 2017 година тој е повисок за 28% . На денешната четврта седница на струшкиот Совет мнозинството го изгласа предлог буџетот за 2018. Во новиот буџет предвидени се 200 000 евра за решавање на проблемот со струшката депонија. А ќе бидат искористени и 200 000 евра од буџетот за 2017 година кои средства ги определи државата за надминување на проблемот со дивата депонија. Градоначалникот Рамиз Мерко оптимист за решавање на проблемот.

Убава вредност на средства со кои ние ќе почнеме еднаш засекогаш да ја третираме депонијата односно да можеме ние да менаџираме на ниво да не дојде до некоја поголема ескалација на пожари, односно на загадување на Струга

За разлика од градоначалникот пак, струшката опозиција на советот не очекува надминување на овој горлив проблем.

Јас мислам дека тие што ја создадоа депонијата во близина на Струга немаат капацитет да се справат со овој проблем. Ние ќе имаме доста работа и ќе се обидеме да овој проблем се реши. Бидејќи секој ден стружани се соочуваат со тежок мирис и мора еднаш да се дислоцира“ – изјави Имер Имери од Алијанса на албанците

Оваа локална власт нема капацитет, бидејќи ако имаа уште како актуелниот градоначалник Рамиз Мерко како министер за странски инвестициии пред 7 месеци вети дека ќе ја реши депонијата која тој ја донесе во неговиот минат мандат, до ден денес чекаме да го решат истиот“ – вели Дејан Паунковски од ВМРО – ДПМНЕ

После првата точка на дневен ред, советниците од ВМРО- ДПМНЕ ја напуштија седницата, поради апсењата на пртениците од ВМРО – ДПМНЕ, поврзани со настанот од 27 Април.