Skip to main content

Планината Јабланица пред добивање статус на Национален Парк

Планината Јабланица пред добивање статус на Национален Парк. Денес во општина Струга градоначалниците на Струга и Вевчани ја потпишаа иницијативата за заштита на оваа планинска убавица која крие бројни вредности, глацијален рељеф на високите терени на планината, четирите глацијални езера, петте цркви, фосилните карпести глечери во Вевчанскиот и Подгоречкиот цирк, камените реки во близина на врвот Стрижек и структурните мразни и полигонални почви кои ги има уште само на високите планини на Мароко и Либан.

 |  Николоска Биљана  | 

Вредностите на планината Јабланица се многубројни и заслужуваат трајна грижа. Денес во општина Струга од страна на градоначалниците на Струга и Вевчани беше потпишана Иницијатива за заштита на планината Јабланица, преку донесување Закон за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје во категорија Национален парк. Претседателот на иницијативниот одбор Јован Секулоски потенцирајќи ги вредностите на Јабланица истакна дека иницијативата започнала пред 10 години и треба да заврши како стремеж за интегрална заштита на планината од двете страни на границата.

„Ние сме убедени дека оваа иницијатива е во најдобар интерес на граѓаните на општините Струга и Вевчани и одржливиот развој на целиот регион, посебно на развојот на туризмот. Предложеното зонирање на зони под строга заштита, зони на активно управување, зони на одржливо користење и заштитни појаси не се ограничувања, туку камен темелници на идниот развој на целиот регион. Иницијативата е во согласност со принципите на Конвенцијата за биолошка разновидност на ОН и политиките на Европската агенција за животна средина. Овој акт на потпишување на иницијативата е временски краток чин, но истовремено голем чекор во вистинска насока“.

Ние со огромно задоволство ја прифативме оваа иницијатива, вели градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, додавајќи дека ќе ја поддржуваат оваа иницијатива се додека истата не добие правна рамка.

И ние ќе се гордееме со едно вакво богатство кое го имаме во нашите општини. Пред малку зборувавмеи за богатството што го имавме и со водите и шумата во тој дел кои се големо богатство кое треба да се зачува за ова време и за идните генерации“.

Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски, ја поздрави оваа иницијатива која според него е одлична и изрази благодарност кон невладиниот сектор кои доста вложиле во истражување на планината Јабланица.

Како што ви е познато дел од општина Вевчани е влезена како дел од споменик на природата со Законот од 2011 година, значи еден чекор сме до иницијативата за национален парк, ја имате нашата комплетна поддршка и се надеваме дека оваа инисијативе ќе финишира со статус на Национален Парк“.

Поддршка за заштита на планината Јабланица од македонкска страна добивме и од Џек Неџа, директор на заштитените подрачја од регионот на Елбасан. Тој истакна дека албанскиот дел на планината веќе е Националне Парк „Шебеник Јабланица“ од пред 10 години со истите вредности кои се застапени и на македонската страна. Тој смета дека заштитата на Национален парк ќе привлече поголем број туристи и ќе влијае врз развојот на оваа стопанска гранка во овој регион. Инаку инициативата потпишана од двајцата градоначалници, од седумте претседатели на месни заедници и од бројни претставници на невладини организации од регионот ќе биде доставена до Министерството за ЖСПП како гласно изразена волја на граѓаните за продолжување на процедурата за носење Закон за прогласување на планината Јабланица за НП и нејзина трајна заштита.