Skip to main content

Работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим

Во рамки на Дримскиот Процес и ГЕФ Дримскиот Проект денеска во Скопје се одржува работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим.

 |   | 

Во рамки на Дримскиот Процес и ГЕФ Дримскиот Проект денеска во Скопје се одржува работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим.

На работниот состанок учествуваат преставници на надлежни институции од земјата меѓу кои преставници на Кабинетот на заменик премиерот на Владата, преставници на министерството за животна средина, преставници на АД ЕЛЕМ, на општина Охрид, Агенцијата за планирање на просторот, Хидробиолошкиот завод , УХМР и преставници на НВО секторот, академската заедница и на меѓународните организации УНДП и ГИЗ.

Состанокот го отворија националниот координатор на ГЕФ Дримскиот проект Дејан Пановски, раководителот на секторот води при МЖСПП Илбер Мирта и координаторот на проектот од GWPMed Димитрис Фалутсос.

– Процесот за заедничко управување со Дримскиот Басен е во позитивно критична фаза на донесување на Стратешкиот Акционен План за сливот што е документ кој државите ќе го преговараат, ќе утврдат приоритети и ќе ја запознаат донаторската заедница со идните планови за управување. Во тоа влегува и управувањето со сливот на Охридско езеро за што се изработува и интегрален Менаџмент план, потенцира Пановски.