Skip to main content

Општините Дебрца, Струга и Вевчани добија механизација со пари од Светска Банка

Општините Дебрца, Струга и Вевчани на трајно користење доби универзален ровокопач, со придружна опрема  хидрауличен чекан и даска за снег марка Hidromec.

 |   | 

Општините Дебрца, Струга и Вевчани на трајно користење доби универзален ровокопач, со придружна опрема хидрауличен чекан и даска за снег марка Hidromec.

Механизацијата е обезбедена во рамките на Проектот: “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ ( ИПА ).

Согласно проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани.

Со добивањето на механизацијата ќе се зголемат капацитетите на општините за подигнување на квалитетот на општинските услуги. Општина Дебрца во изминатава година и пол имплементира неколку проекти со средства на ЕУ, со кои се подобрија условите во руралната инфраструктура или во испораката на општинските услуги. И во наредниот период Општина Дебрца продолжува со реализацијата на неколку проекти, за кои средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ.