Skip to main content

Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици и крајбржјето

Во летните месеци три пати повеќе смет се подига на струшкото крајбрежје, информираат од ЈП Комунално Струга. Првиот човек на Комуналното демантира дека  струшките улици биле затрупани со смет. Работевме во три смени, а таквите обвинувања доѓаат од партиските кујни на опозицијата, вели директорот Клечкароски. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици, крајбржјето, плажите и хотелските комплекси, информира Иван Клечкароски, директор на ЈП Комунално Струга. Екипите на претпријатието беа ангажирани во три смени, се работеше не само преку ден, туку и во ноќните часови. Навечер подигавме смет онаму каде што тоа не беше изводливо преку ден заради зголемената фрекфенција на сообраќај и пешаци, вели Клечкароски. Додава дека во овие денови, за разлика од зимските месеци подигаат три пати повеќе смет. Првиот човек на Комуналното ги отфрла обвинувањата дека струшките улици ова лето биле затрупани со смет.

Ние се трудиме да ги демaнтираме. Тоа доаѓаше од партиските кујни кои детектираа некои локации во одреден момент, но ние имавме припремна служба која веднаш делуваше. Кај хотел Београд има еден тунел таму не можевме да влегуваме редовно заради лошо паркираните возила, а во чаршијата заради зголеменото присуство на луѓе“, појаснува Клечкароски за одредени проблеми со кои се среќавале нивните екипи во текот на работата.

Валентина Перевска, советник од редовите на Вмро Дпмне со критика за работењето на претпријатието и комуналната хигиена на туристичка Струга. Сите да ја вршат својата работа во рамките на буџетот кој е изгласан од советниците. Переска вели дека поплаки има и од граѓаните и од туристите од населбите Езерски лозја, Калишта, Евро хотел, центарот на градот, пазарот.

„Како и во други делови од градот очекуваме директорот да се справи со комуналната хигиена. Но, мислиме дека тоа нема да го направи со продавање на локалите, туку со уредување и изнајмување“.

Директорот на ЈП Комунално Струга, Иван Клечкароски, вели имаме капацитет да се справиме со ситуацијата, но упатува критика до ниската еколошка свест и комунална нехигиена кај граѓаните. 40 до 60 посто од активностите ЈП Комунално ги врши волонтерски без наплата, со подигање на диви депонии, чистење на плажи кои немаат концесија, истурање на прегорено масло од фритезите и др.