Skip to main content

Стружани останаа жедни и не искапени

Препукувањата помеѓу МЈП „Проаква“ и „ЕВН“, резултираa со запирање на водата.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Препукувањата помеѓу МЈП „Проаква“ и „ЕВН“, резултираa со запирање на водата. Локалната самоуправа обвини дека ова е уценувачки потег. „ЕВН“ возвраќа:-„доколу на сметката не пристигнат пари, нема вода.“

„ЕВН“ ја исклучи струјата на ЈП „Проаква“ поради неплатени долгови. Од вчеравечер до денес попладнето,  речиси целиот струшки регион беше без вода. „ЕВН“ ја прекина електричната енергија на пумпните станици во Шум и Струга. Од струшката локална самоуправа, потегот на „ЕВН“ го отценија како непрофесионален и уценувачки. Иако неодамна постигнале меѓусебен компромис за сервисирање на  долгот наследен од пред 10 години, од таквиот потег во МЈП „Проаква“ останаа затекнати.

Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека заедно со „Проаква“, веќе имаат исплатено дел од долгот, милион евра, а за подмирување  на преостанатите  500 000 евра, постигнат е договор за компензација со трафостаници и други инфраструктурни објекти, кои општините Охрид и Струга треба да и ги отстапат на „ЕВН“.

Градоначалникот изјави дека, „штетата која според него, „ЕВН“ им ја нанела на граѓаните на Струга, треба сериозно да  одговараат“.
Мерко информира дека општината преку судските органи  бара вода за 100 илјади жители и 30 илјади гости.

Златко Поповски, Портпаролот на ЕВН,  потенцира дека  причината за исклучувањето на „Проаква“ е јасна. Неплатените долгови, воопшто не се започнати да се отплаќаат иако се воделе разговори помеѓу нивен  претставник  и „Проаква“. Иако било ветено дека веднаш струшките преставници ќе го започнат сервисирањето на долгот,  сепак до денес не е подмирен ниту денар, додава портпаролот. Ако на сметката на „ЕВН“ не пристигнат средства, тој најави нови исклучувања,   кон крајот на неделава или почетокот на следната.