Skip to main content

Природните реткости од планината „Јабланица“ чекаат за заштита

Полека исчезнуваа биодиверзитетот на овој егион. Проектот за прогласување за национален парк на „Јабланицa“, веќе две години се одолговлекува. Надлежните покажуваат морална подршка,  но изостанува финансиската.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Полека исчезнуваа биодиверзитетот на овој егион. Проектот за прогласување за национален парк на „Јабланицa“, веќе две години се одолговлекува. Надлежните покажуваат морална подрша,  но изостанува финансиската.

Се повеќе се уништува животинскиот  и растителниот свет, а за тоа никој не ја сноси одговорноста. Токму поради овие причини, невладината организација „Парумба“ покрена иницијатива, планината Јабланица да се стави под заштита, односно да се прогласи за национален парк. Од таму алармираат на опасностите  кои  им се закануваат  на природните богатства со кои располага истата.

„Горе на планината има три леднички езера, на едно од нив му се заканува исчезнување. Од него населението се снабдува со вода и можно е негово пресушување“-вели Христијан Ковачески,  од невладината ораранизација  „Парумба“.

Активностите  за проектот со цел да се заштитити  планината, се започнати пред две години. Невладините организации заедно со професори од Природно-математичкиот факултет и триесетина експерти направија петнаесетдневно истражување на биодиверзитетот на Јабланица. При тоа, се пронајдени многу ендемити,  над седумдесет врсти птици и пронајдени се траги од рис. За да се реализира идеата за заштитување на богатствата на Јабланица, недостасува помош од надлежните,  вели Ковачески.

„Имаме подршака од Локалната самоуправа од Струга, и од министерството за заштита на животната средина ни излегоа во пресрет. Ни дадоа морална подршка но не и финансиска“-додава Ковачески.

Со цел размена на  искуства и информирање како другите држави се грижат за природните богатства, екипа составена од претставници на Локлната самоуправа од Струга и невладини организации, неколку дена ќе престојуваат во Хрватска. Од посетата,  вели Ковачески, очекуваме да стекниме знаења како функционира еден парк во природа и како за таа намена да ги искористиме европските фондови. Тој се надева дека средбата со колегите од другите земји ќе им помогне во поефикасната заштита на регионот од планината Јабланица. Очекуваат дека и надлежните ќе ја забрзаат постапката, истиот да стане национална претпознатливост.