Skip to main content

Министерот за образование ќе ги решава новонастанатите проблеми во средните училишта во Струга

Дел од средношколците во Струга повторно ја бојкотираат наставата. Денес на помош во решавањето на проблемот дојде и Министерот за образование.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Дел од средношколците во Струга повторно ја бојкотираат наставата. Денес на помош во решавањето на проблемот дојде и Министерот за образование.

Министерот за образование, Перо Стојаноски денес ја посети Струга. Целта на неговото доаѓање беше изнаоѓање решение за новонастанатите проблеми во средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“. Имено од пред неколку дена средношколците македонци од овие училишта започнаа  бојкот на наставата, бидејќи како што велат, директорите не ги оствариле ветувањата дадени на крајот од минатата школска година. Учениците македонци бараат да се делат од албанците за да не дојде повторно до некакви тензии. За решавањето на овој старо нов проблем денес седна на маса директорите на двете училишта, одговорниот за образование од локалната самоуправа, Џејми Хајредини, министерот за образование и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој вели дека нема никаква причина за вакво однесување на учениците и дека сите работат во насока да се врати соживотот помеѓ македонците и албанците.

Покрај проблемот со бојкотирањето на наставата од група ученици, на денешната средба пред министерот беа истакнати и техничките проблеми со кои се сретнуваат струшките средни училишта. Пред се беше потенцирано решавањето на прашањето околу посебните влезови, поставување камери, како и воведување редарски служби.

Министерот за образование деновиве треба да излезе со конкретни предлози и мерки за решавање на проблемите во средните училишта во Струга.