Skip to main content

Со владиниот проект, Струга ќе добие најмалку пет спортски сали

Приоритет ќе биде Основното училиште „Јосип Броз Тито“.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Во Општина Струга ќе се градат нови спортски сали. Градот е влезен во владината програма за изградба на 100 спортски објекти. Конкретно за  Струга се  одбрени најмалку пет спортски сали.

„Ние успеавме да добиеме одобрение за пет сали, додека две се во прашање. Приоритет ќе биде Основното училиште „Јосип Броз Тито“, бидејќи таму децата наставата по физичко образование ја одржуваат под отворено небо“-истакна Џејми Хајредини, раководител на одделението за образование Струга.

Покрај основното училиште Јосип Броз Тито, нови спортски сали се предвидени да се изградат во основните училишта во селата: Лабуништа, Радолишта, Делогожда и Велешта.

„За останатите две ќе се одлучува допoлнително, бидејќи за нив  сеуште не се знае дали општината ќе добие зелено светло“, вели Хајредини. „Има многу училишта кои немаат простории каде да се оджува настава по физичко воспитување, но сепак за почеток сме задоволни и со неколку спортски сали“, додава раководителот.

Додека со капиталните инвестиции раководи министерството за образование и наука, Локалната самоуправа има врзани раце да гради или вложува во образованието, истакна раководителот на одделението за образование, Хајредини.