Skip to main content

Се најдоа локации за православните и муслиманските гробишта во Струга

И двете места се наоѓаат во непосредна близина на сегашната локација за погребување на православните. Со дислоцирањето, проблемот ќе биде решен најмалку за 20 години, вели директорот на комуналното претпријатие.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Ќе се дислоцираат православните и мулсиманите гробишта. Првиот човек на Јавното претпријатие Комунално од Струга вели дека подготовките се при крај. Православните гробишта на сегашното место, се повеќе од 20 годин и моментално просторот е целосно исполнет. Затоа се јавува потребата од итно изнаоање нова локација.

Директорот информира дека за таа намена ќе биде просторот кој во минатото беше депонија, а се наоѓа  веднаш до сегашната локација за погребување.

„Во тек се решавање на имотно правните односи, штом се заврши оваа процедура, ќе го средиме просторот кој се наоѓа веднаш до сегашните гробишта“- вели Ваљон Џила, директор на  ЈП.Комунално-Струга.

Истиот проблем се повторува и со муслиманските гробишта. За оваа намена, државата на општина Струга и додели државно земјиште. Локацијата каде се педвидува да бидат сместени муслиманските гробишта е во непосредна близина на онаа од православните.

Џила кажува дека муслиманските гробишта во иднина ќе бидат на локација од таканаречениот „Комбинат„ односно на  магистралниот пат Ќафасан.

Активностите за уредување на двата простори треба во секој момент да започнат.  Локациите се очекува комплетно да бидат уредени за краток период, за потоа да се користат  како локации за погребување. Со дислоцирањето на гробиштата муслимански и павославни, проблемот ќе биде решен за најмалку 20 години, смета директорот Џила.