Skip to main content

Народниот правобранител се сретна со струшките граѓани

Иџет Мемети, Народен правобранител во рамките на кампањата „ Отворени денови на народниот правобранител “  денес оствари средба  со стружани.

 |  Валентина Нелоска  | 
Иџет Мемети, Народен правобранител во рамките на кампањата „ Отворени денови на народниот правобранител “  денес оствари средба  со стружани.

Граѓаните му се пожалиле дека ги мачат проблеми од судската власт, работните односи, имотно-правните работи како и од работата на полицијата.

Граѓаните веќе поднесле неколку преставки до институцијата Народен правобранител. Мемети  вели дека не би сакал да има нити една претставка до институцијата Народен правобранител, но сепак нивниот број мината година покажал  дека во Македонија има потреба од постоење на разни механизми кои ќе им помогнат на граѓаните низ лавиринтот на институциите на системот.

„Посебно тоа се однесува на јавната администрација која со реформите сеуште тапка во место, а граѓаните губат енергија до остварување на своите права“, потенцира Мемети.

Со оваа кампања  која ќе се оствари во 15 општини низ земјава, се повикуваат граѓаните да се стекнат со поголеми сознанија за надлежностите на институцијата омбудсман. Во 2007 година  Народниот правобранител им помогнал на  над  800  граѓани да ги остварат своите права во случаи на нанесување на неправда.