Skip to main content

Отворен првиот центар за палијативна нега во Охрид

Министерот за здравство, Никола Тодоров кој денес го посети геријатриското одделение при Општа болница Охрид, рече дека со отворањето на овој центар се излегува во пресрет на семејствата кои имаат блиски што се терминално болни.

 |  Мишел Наумоски  | 
palijativna nega
палијативна нега

Охриѓани го добија првиот центар за палијативна нега. Овој оддел кој се наоѓа во склопот на геријатриското одделение при Општа болница Охрид ќе биде наменет за сместување и третирање на терминално болните лица, односно оние пациенти кои се борат со тешки и неизлечливи болисти. Министерот за здравство, Никола Тодоров рече дека овој проект го започнуваат поради евидентниот тренд на стареење на населението во земјава со што се повеќе ќе доаѓа до израз потребата од вакви центри.

centar za palijativna nega„Почнуваме во помали простории, со шест кревети, со тенденција во иднина да размислуваме за проширување на овие капацитети и тенденција такви центри да има во што е поголем број на градови низ земјава и на тој начин да излеземе во пресрет на поголем број на семејства кои што се во исклучително лоша состојба да треба да се грижат за нивните блиски кои се во една терминална фаза, без за тоа да имаат искуство, знаење или вештини и да трпат сериозни финансиски трошоци од аспект да плаќаат болничарки, негователки.“-вели министерот за здравство, Никола Тодоров.

Директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов, вели дека тие се подготвени да се зафатат со реализација на оваа програма, особено поради тоа што веќе располагаат со обучен персонал.

 palijativen centar„Анализите наши покажуваат дека овие се неопходни работи кои треба да се воведуваат, населението, посебно од Охрид знаеме дека старее, ние тука ни е и геријатрискиот дел, имаме искуство со оваа проблематика, знаеме колку е тешко тие стари и изнемоштени лица, терминално болни, неизлечиви, која нега ја бараат , специјална нега, со обучени  лица кои ние ги имаме, така да мислам дека ќе бидиме на ниво на задачата и дека ќе ја завршиме оваа програма. “-рече директорот д-р Арнаудов.

Инаку, пациентите кои ќе бидат сместени во палијативниот центар кој се наоѓа во дел од просториите од геријатриското одделение, таму ќе престојуваат на сметка на државата. Првично, оваа програма, според министерот Тодоров било замислено да се реализира во периодот 2017та-2018та година.

{loadposition content9}