Skip to main content

Градоначалникот на Дебрца, Трајкоски, се пофали со сработеното во изминатите две години

Изградба на водоводни мрежи, реконструкција и изградба на спортски игралишта, асфалтирање на патишта и улици.

 |  Мишел Наумоски  | 
opstina debrca
општина дебрца

Општина Дебрца која е интересна за туристите, општина Дебрца која се почесто е застапена во медиумите. Ова, според градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски е резултатот од досегашниот тек од неговиот мандат. Денес во неговиот отчет за сработеното во изминатите две години, Трајкоски рече дека општина Дебрца веќе е прерасната во општина која се движи по теркот на најразвиените општини во Македонија. Трајкоски се пофали со реализираните проекти, меѓу кои и изградба на монтажно училиште во Волино, изградба и реконструкција на игралишта за мали и големи спортови во повеќе села, изградба на водоводна и канализациона мрежа низ целата општина, асфалтирани патишта и улици како и урбанизација на  општината.

opstina debrca otcet„Низ овој период жителите на Општина Дебрца и пошироката македонска јавност беа сведоци на еден процес во кој целосно се возобновуваше општината, се започнаа процеси за модерно и пред се правилно водење на самата Општина, искористување на грантови, реализација на проекти кои се од витално значење од доменот на општествените потреби, инфраструктура, култура, спорт, образованието.“-вели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Покрај реализираните проекти, Трајкоски се пофали и со започнатите но сеуште нереализирани проекти, но и со проектите кои во иднина ќе се реализираат. Меѓу другото ги спомена проектите за изградба на водоводен систем и канализационен систем во Волино, канализационен систем во Лешани, реконструкција на патот од Злести до Лешани, како и изработка на улици во Мешеишта и Ботун.

Igor Trajkoski„Во овој значаен момент за нас, кога се дава ОТЧЕТ за сработеното во изминативе две години, на мое огромно задоволство би сакал да го најавам и еден од најкруцијалните проекти за Општина Дебрца, а тоа е изградба на Колекторски систем од село Мешеишта до главен колектор на Охридско Езеро. Овој аплициран и одобрен проект за изградба на колекторски систем ќе ги опфаќа селата Климештани, Мешеишта, Волинo, Требеништа, Горенци и истиот е одобрен од Министертво за транспорт и врски, инвестиција од вкупно 31.759.334 денари.“-рече Трајкоски.

Тој со уверување дека и во понатамошниот период ќе работат на реализирање на нови проекти со уште позабрзано темпо кои ќе бидат од големо значење за жителите на општина Дебрца.

{loadposition content9}