Skip to main content

Започна изградбата на кружен тек помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“

Локалната започна со реализација на проектот за изградаба на кружен тек на пресекот помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“. На овој начин ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот, пред се безбедноста на пешаците и велосипедистите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
асвалтирање
asvaltiranje

Започнаа подготвителните работи за изградба на кружен тек на пресекот помеѓу булеварот„Туристичка“ и ул. “Бистрица“. Со тоа Охрид ќе добие современо сообраќајно кое ќе го намали сообраќајниот метежот во овој дел од градот и ќе придонесе за зголемување на безбедноста и на пешаците и на возачите, рече градоначалникот Никола Бакрачески.asfalt

На овој начин сакаме да го решиме долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот, пред се безбедноста на пешаците и велосипедистите. Како што знаете во минатото на ова место се случија голем број незгоди, меѓутоа во исто време сакаме да го регулираме сообраќајниот метеж кој што на оваа крстосница се создава за време на летните месеци, изјави градоначалникот Бакрачески.

Изведувач на работите околу кружниот тек ќе биде АД „Илинден“ од Струга со подизведувачи. Дијаметарот на кружниот тек ќе биде е 12 метри. Ќе биде модерно хуртикултурно уреден и ќе има соодветна сигнализација и атмосферска канализација. Изградбата  ќе се реализира со пари од Светска банка во висина од 5,9 милиони денари. Се планире овој проект да биде завршен за триесетина дена.
Жителите на Урбаната заедница Воска, кои беа присутни на денешниот настан истакнаа дека изградбата на кружниот тек за нив е од големо значење. Задоволни се што и овој дел од градот почнува да се уредува бидејќи оваа населба со децении била заборавена од градските власти.

Ова е мошне значаен проект бидејќи се наоѓа на главната сообраќајница во Охрид и ќе овозможи непречено движење на возилата, а на жителите од Воска ќе им овозможи безбедно вклучување и исклучување од истата. На оваа сообраќајница многу често се случуваат сообраќајни незгоди, а едно такво немило искуство имав и јас лично, изјави Горан Митрески, претседател на УЗ Воска.

Бакрачески истакна дека изградбата на кружниот тек е една од многуте активности на општината кои ќе се реализираат во наредниот период. Покрај овој проект во тек е изградбата на спортско игралиште кај Грашница, изградбата на фекелна и атмосферска канализација во Далјан, а  целосно ќе се уредуваат и улиците „Трајче Трајчески“, „Мичо Гилиќ“, Сатеска“, како и крајбрежјето и плажите.

{loadposition content9}