Skip to main content

Спречен планиран терористички напад

Уапсени петмина сомнителни

 |  инфодеск  | 

Австралиската полиција соопшти дека уапсила пет мажи меѓу кои двајца од осомничените планирале да изведат терористички акции во Мелбурн, а главниот удар требало да биде на денот на националната комеморативна свеченост на 25 април.

Во тек сеуште е операцијата на антитерористичките сили во Мелбурн, на југоистокот од Австралија.

“Се проценува дека двајца од петмината уапсени вршеле припреми за терористички акции во Мелбурн кој опфаќале и напади на полицајци”, соопштила во заедничко соопштение австралиската сојузна полиција и полицијата од државата Викторија чиј главен град е Мелбурн.

Терористичките планови, за кои се осомничени двајцата мажи, “опфаќале напад за време на свеченото одбележување на Денот ANZAC”, се додава во соопштението.

Денот ANZAC го добил името по воениот корпус на Австралија и Нов Зеланд и се слави на 25 април секоја година во Австралија и Нов Зеланд и во други земји од Пацификот. Со прославата се одбележува крвавата битка на Галиполи помеѓу Австралијците и Новозеланѓаните против отоманската војска во 1915 година.