Skip to main content

Бронзен медал и пофалница за охридските олимпијки по математика во Минск

Бронзен медал и пофалница за охридските   олимпијки по математика во Минск.

 |  Валентина Неловска  | 
математика
математика

Успешно претставување на охридските математичарки на женската олимпијада во Минск.  Теодора Бујароска се врати со бронзен медал, а Сања Симоновиќ  со пофалница.  Двете беа дел од четиричлената македонска  репрезентација на овој меѓународен математички натпревар. На Бујароска и Симоновиќ  ова не им е прв пат да ги бранат националните бои при одмерување на знаењата во математиката.  Тие се задоволни  од  успехот постигнат во Минск во мошне силна конкуренција. Задоволството е уште поголемо  затоа што  успехот се должи само на нивната самостојна работа и посветеност кон математиката, вели добитничката на бронзениот медал  Теодора Бујароска.
мат
„ Македонија е мала земја и заостануваме во подготовките за разлика од другите земји. Нивните тимови се организираат во кампови, имаат финансиска помош од државата. Ние од тоа ништо немаме. Важно е да имаш внимание, а ние од нашата држава тоа сме го немале. Горда сум на себе и тимот што успеавме во така силна конкуренција со силни противници на натпреварот да се избориме за ваков успех“, вели Бујорска.  

Охридските математичарки заедно со уште две средношколки од Македонија за прв пат учествуваа на Математичка женска Олимпијада. Покрај ова меѓународно натпреварување Бујароска и Симоновиќ имаат и други искуства од  меѓународни натпревари по математика каде што покажале одличен успех.

матемСимоновиќ појаснува како таа и Бујроска станале дел од тимот на македонската репрезентација на Математичката женска Олимпијада.

„ Тимот беше одбран по пат на изборен  натпревар во кој се решаваа задачи и ние четири имавме најдобри резултати и се пласиравме на натпреварот“, рече Симоновиќ.   
Сања Симоновиќ, после  меѓународниот математички  натпревар во Минск, ќе патува на Балканската Олимпијада во Атина и на Интернационалната Олимпијада во Тајланд, каде како што  вели ќе даде се од себе да се врати дома со медал.

{loadposition content9}