Skip to main content

Страница која може да ја идентификува секоја фотографија

Импресивна алатка за пребарување, дизајнирана за идентификација на фотографии

 |  инфодеск  | 

По својот изнимно корисен, Wolfram Alpha, научен пребарувач, британскиот научник Stephen Wolfram претстави импресивна алатка за пребарување, дизајнирана за идентификација на сѐ што се наоѓа на фотографијата.
Сѐ што треба да направите е да појдете на страницата imageidentify.com, да ја повлечете фотографијата која сакате оваа алатка да ја препознае и да причекате неколку секунди за да добиете одговор.
“Страницата сепак нема да ви даде понекогаш совршен одговор, но мислам дека во повеќето случаи е неверојатно успешна. Она што ме фасцинира е тоа што грешките кои повремено се поткраднуваат се слични на грешките кои ги прават луѓето”,тврди Wolfram.
Страницата моментално може да препознае 10.000 секојдневни предмети, но има одредени проблеми во препознавање на луѓе, уметнички дела и работи кои не се баш во секојдневна употреба.
Оваа страница е идеална за категоризација на големиот број на фотографии кои ги имате, но и за оние кои сакаат само малку да се забавуваат.