Skip to main content

Студена војна во технологијата

Русите развиваат свој мобилен оперативен систем

 |  инфодеск  | 

Со пазарот на мобилни оперативни системи веќе со години доминираат две компании – Google  со својот Android и Apple со iOS со кои ги покренуваат нивните паметни телефони и таблети. Оваа ситуација во која светските телефони ги покренуваат оперативни системи од американски компании на Русите тоа не им се допаѓа и имаат намера да се ослободат од зависноста на Android и iOS, па затоа планираат свој сопствен оперативен систем кој во иднина би требало да е инсталиран на голем број телефони во Русија. Поради тоа, министерот за комуникации, Николај Никифоров, иницирал состанок со финската компанија Jolla, позната по мобилниот оперативен систем Sailfish. Тој сака Русија да се развива на нивната платформа на оперативен систем кој во рок од 10 години во потполност би требало да го промени мобилниот пазар.

Моментално во оваа земја доминира Android  чиј удел е поголем од 80%, додека Apple завзема 15%, а Никифоров се надева дека до 2025 година уделот на рускиот мобилен оперативен систем би премнинал над 50%. Sailfish, кој на рускиот пазар е присутен со 0,5%, за русите е интересен од две причини – прво, станува збор за open-source оперативен систем со што ќе може без проблем да се искористи како основа за развој на сопствен софтвер, и второ што е најважно за нив нема никаква поврзаност со американска компанија. Овој оперативен систем нема да биде лимитиран само на рускиот пазар, а Никифоров напоменал дека имаат планови и за други земји – освен Финска, ја спомнал и Кина, а очекува дека во иднина ќе им се придружи и Индија, Бразил и Јужна Африка.

Имено, Jolla ја основале разочарани вработени во Nokia кои ја напуштиле компанијата по одлуката на тогашниот извршен директор, Stephan Elop, за откажување од оперативниот систем MeeGo на кој работеле со години и се свртеле кон Microsoft и мобилниот Windows.

Освен што ќе се обидат да го намалат влијанието на американските мобилни оперативни системи, со оваа мобилна студена војна, Русите ќе се обидат да ја намалат и зависноста и од хардверските компании така што ќе се засили работата на сопствени процесори и други компоненти.