Skip to main content

Загина добитник на два Оскари

Ќе остане запаметен по големиот хит “My heart will go on”

 |  инфодеск  | 

Засекогаш ќе остане запаметен по големиот хит “My heart will go on”(Titanic), но и по музиката која ја компонираше за филмовите “Avatar” и “Braveheart”.
James Horner (61) загина при пад на авион во понеделникот наутро, а се верува дека авионот двосед беше во негова сопственост бидејќи покрај музиката, летањето беше негова голема страст.
James беше искусен пилот со многу часови летање, а причините за падот сеуште не се познати. Неговата смрт ја потврдила неговата асистентка Sylvia Patrycja на својата Facebook страница.
“Изгубивме неверојатна личност со големо срце и талент”, напишала Sylvia.
James во својата кариера освои два Оскари, од кои еден со големиот хит во Titanic, “My heart will go on”, кој го интерпретираше Celine Dion.