Skip to main content

Јужна Кореја инсталира 5G мрежа

Брзините на пренос со 5G мрежата ќе достигнуваат до 20Gbps

 |  инфодеск  | 

Корејските медиуми тврдат дека тамошните оператори веќе работат на изработка на инфраструктура за 5G мрежа, а до крајот на десетлетието би можело цел свет беспрекорно да сурфа со брзини до 20Gbps. Имено, 5G е мрежа на новите генерации кои би требало да ги наследат постоечките 3G и 4G протоколи за интернет на паметните телефони и кои ќе претставуваат револуција во светот на сообраќајот на податоци.
За 3G прв пат се слушна во 2010 година кога се овозможи пренос на податоци (download) до 384 Kbps за да во 2012 овој протокол доживее напредок и да поддржи максимални 42 Mbps, но само на места каде постои HSPA+DC поддршка. По револуционерниот 3G следеше 4G или LTE, мрежа која во 2012 година доживеа напредок и која се користи и денес како поим за најголем луксуз во сурфањето на мобилните уреди. LTE наскоро би требало да поддржува уште поголеми брзини до 450 Mbps, но во споредба со брзините на 5G мрежата LTE изгледа смешно.
Корејските телеоператори работат на 5G мрежата која би можела да достигне брзини до 20 Gbps и не смее да падне под 1 Gbps. Она што претставува новитет кај 5G во однос на поранешните генерации е поддршката за многу поголем спектар на уреди кои во иднина ќе имаат поддршка за сообраќај на податоци на преносливите уреди и домашни помагала како на пример паметните часовници, фрижидери, телевизори и.т.н.
Првите тестови треба да започнат во 2018 година, така што во Европа тоа може да се очекува на почетокот на следното десетлетие, а дотогаш останува 4G за кој може да се каже дека не е спор, но е просторно ограничен.