Skip to main content

Предлог за бојкот на Кока-Кола и Пепси во Русија

Русија престанува со увоз на најпопуларните американски пијалоци?

 |  инфодеск  | 

“Како предлог контрасанкции, предлагаме ограничување на увозот на производи од компаниите Кока-Кола и Пепси кои активно ги поддржуваат санкциите против Руската федерација”, му напишал Игор Зотов на претседателот Владимир Путин.

Претседателот на партијата на Пензионерите повика на бојкот на популарните американски безалкохолни пијалоци Кока-Кола и Пепси, тврдејќи дека тие гиганти се главните спонзори на антируските политичари. Тој тврди дека тој потег дополнително ќе го поттикне домашното производство на безалкохолни пијалоци.

Зотов, кој е пратеник во руската Дума, истакнал дека овие сокови се изнимно штетни за човековото здравје и затоа нивниот увоз предизвикува само штета по здравјето на рускиот народ.

Тој додал дека би било логично сите производители на безалкохолни пијалоци, кои ги продаваат своите производи во Русија, да користат исклучително руски суровини кои би биле претходно проверени од страна на руските државни органи и во тој случај американските производи би можеле евентуално да се продаваат на рускиот пазар.